Во Грција затворени повеќе од 1.000 филијали на банки 

25

banka

Од почетокот на економската криза во 2008 година, во Грција е затворена речиси секоја трета филијала на банка, јави дописникот на МИА од Атина.

Според Катимерини, четирите најголеми банки во Грција од почетокот на кризата затвориле 990 филијали низ целата земја. На крајот на јуни Националната банка на Грција, Пиреја, Алфа и Еуробанк имале 2.523 филијали во споредба со 3.513 во периодот пред кризата. Ако се земат предвид филијалите и на помалите банки, вкупно се затворени околу 1.200, што значи дека сега се затворени една од три банкарски подружници кои функционирале во 2008 година.

Банката Пиреја го намали бројот на филијалите од 1.354 на 873, Алфа банка ја намали својата мрежа на 607 од 794 филијали, Националната банка на Грција затвори 181 филијали и сега има 528, а Еуробанк затвори 141 филијали и сега има 517.

Пред кризата во Грција имаше 19 банки, денес има само седум. Банкарите предвидуваат дека во наредните четири години ќе се затворат уште 300 филијали.