Во хотелите во Црна Гора 83% помалку гости од лани

27

Вкупно 32.860 туристи ги користеле услугите на колективно сместување во Црна Гора во текот на јули, што е скоро 83% помалку одошто во истиот период лани, покажува црногорската статистика.

Во јули, како што пренесуваат тамошните медиуми, се регистрирани 136.140 ноќевања, што е за 85,5% помалку во однос на истиот период лани. Од вкупниот број на ноќевања, 64,2% отпаѓаат на домашни, а 35,8% на странски гости.

Најголем дел од ноќевањата, според статистиката, има во приморските места и тоа 85,4%, во Подгорица биле 6,5% од нив, додека во планинските региони на земјата отпаѓаат 5,6%.

Во колективното сместување не е вклучено приватното сместување и туристичките апартмани, туку податоците се однесуваат само на хотели одморалишта, пансиони, мотели, хостели, туристички населби и слично.

Фото: Freepik