Во Хрватска 600.000 луѓе не работат и не бараат работа

23

Дури 600.000 жители во Хрватска постари од 25 и помлади од 65 години не работат ниту пак бараат работа, пренесува Vecernji.hr.

Иако постарите жителите односно оние над 50 години потешко наоѓаат работа, загрижува фактот дека во оваа бројка се вклучени и 190.000 млади луѓе кои би можеле да работат, но се неактивни.

Според податоците од Државниот завод за статистика во земјата, меѓу неактивните жители има и голем број на високо образовани луѓе односно 204.000. Од нив 97.000 се мажи, а 107.000 се жени.

И покрај високата бројка на луѓе што не работат, во Хрватска се “увезуваат“ речиси 70.000 странски работници.

Од друга страна пак околу 200.000 необразовани луѓе кои не завршиле ни основно образование многу тешко можат да најдат работа, а дел од нив се и на социјална грижа.

Лани само 65,2% од жителите на возраст од 25-65 години биле вработени.

Фото:Pixabay