Во Хрватска ќе се гради лабораторија за контрола на храна вредна преку 2,6 милиони евра

64

Lab_034

Хрватската компанија Inspecto од Ѓаково, која се занимава со контрола на квалитетот на храна и на земјоделски производи, ќе инвестира 2,6 милиони евра во изградба на најголема лабораторија за контрола на храна во регионот, пишува Пословни дневник.

Со реализација на проектот ќе започнат на пролет. Лабораторијата ќе се простира на 2.500 метри квадратни, а ќе се наоѓа на влезот на Осиек. Фирмата во моментов работи во четири лаборатории на различни локации, на вкупно 1.000 квадрати, а со новата инвестиција, се ќе биде на едно место.

Inspecto врши контрола на квалитет на храна и сировини во силоси, складишта и товарни пристаништа, а опфаќа лабораториски испитувања на земјоделски производи, житарки, храна за луѓе, храна за животни, шеќерна репка, маслодајни растенија, почва, минерални ѓубрива.