Во Хрватска може да купите автомобил со криптовалути

34

Хрватската компанија Кариќ Аутомобили, овозможи плаќање со крипто валути како Биткони Кеш, Етереум, Биткоин и ГоКрипто Токен, за купување на автомобили, пишува Bug.hr.

Компанијата, којашто е овластен продавач и сервисер на автомобилите од марката Fiat, Alfa Romeo и Ford, плаќањето на автомобилите со виртуелни пари го овозможи користејќи го крипто платниот систем ГоКрипто (GoCrypto).

Купувачите за плаќање со крипто валути ќе треба да го скенираат QR кодот од екранот на својот крипто паричник. Притоа имаат флексибилност во изборот од која од наведените криптовалути ќе платат.

Трансакциските такси за трговците при примање на крипто валути се пониски за разлика од плаќањето со дебитни или кредитни картички.

Фото: Pixabay