Во Хрватска работат околу 500 лица од Непал

16

Хрватска се соочува со недостиг на работна сила, а според последните проценки, потребни им се околу 300.000 работници. Доколку овој тренд продолжи до 2025 година, земјата ќе има потреба од милион работници.

Освен во туризмот, недостаток од работници има во градежништвото. Затоа, не е чудно во земјата да се забележат странски работници, па дури и од далечниот и Блискиот Исток, како работат на хрватските градилишта, пишува Задарски лист.

Во Хрватска, во овој момент во градежниот сектор има 24.115 странски работници, а од нив 500 доаѓаат од Непал. Причината поради којашто доаѓаат во Хрватска е тоа што ако, на пример, работат во Дубаи и Катар, ќе работат 13 до 14 часа дневно за 200 до 250 евра, со еден слободен ден во месецот.

Фото: Pexels