Во Хрватска викендов пристигнале 16% повеќе туристи од лани

23

Повеќе од 336.000 туристи пристигнале во Хрватска минатиот викенд, од петок до недела, пренесе HRT и во споредба со вториот викенд од јули минатата година, тоа е зголемување за 16%, но во споредба со рекордната 2019 година e намалување за 39%.

Според податоци на е-Visitor, реализирани се скоро два милиони ноќевања, што е зголемување за 23% во споредба со истиот период минатата година, но е намалување за 29% во споредба со 2019 година.

Во Хрватска моментално престојуваат околу 635.000 туристи, од кои 87% се странци, претежно Германци, Словенци и Полјаци. Најголем број гости во моментов има во Истра, Кварнер и Сплит-Далмација.

Фото: Pixabay