Во Хрватска живеат 120 милионери “тешки“ над 100 милиони долари

17

wallet-cash-credit-card-pocketФото: Pexels

Според податоците на лондонската консултантска куќа Knight Frank, за 2017 година, во Хрватска бројот на т.н. супермилионери со богатство поголемо од 30 милиони долари во изминативе десет години е зголемен за 33%, а нивниот број изнесува 120 пишува Novi List.

Тоа е двапати повеќе од порастот на ниво на Европа (17%), а значително помалку од светскиот просек (42%). Во Хрватска живеат и 11.900 милионери од “полесна категорија“, односно богаташи со имот поголем од еден милион долари (6 милиони куни).

Во светски рамки, најголем дел од “ултрамилионерите“, односно 35% или 44 илјади, живеат во Северна Америка. Европа веќе не е на второ место во светот по бројот на богаташите, бидејќи лани ја престигна Азија.

При утврдување на богатството, не се земени во предвид куќите во коишто живеат милионерите, туку нивните повремени домови, викендици и други недвижности, акции и хартии од редност, уметнички слики, авиони, јахти, злато, колкеционерски вина, часовници и други вредни предмети.

Најбогатите луѓе во светот, во моментов поседуваат 4.795 јахти подолги од 30 метри, како и 20.927 приватни авиони, од кои две третини припаѓаат на богатите Американци.