Во Ikea ќе може да се влезе само со претходна резервација

93

Шведската компанија за мебел Ikea ќе ја отвори својата прва филијала во Словенија во четврток во Љубљана. Продавницата сè уште се подготвува да прими посетители, кои ќе влезат во продавницата во првите недели само со претходна резервација.

Со овој потег, Ikea сака да избегне прекумерна гужва пред влезот. Исто така ќе се отвори и онлајн продавница, соопшти Кас Лахаерт, управител на продавницата во Љубљана.

Продавницата ќе може да прими 700 луѓе. Фактот дека потрошувачите со нетрпение ја очекуваат првата продавница на Ikea во Љубљана, го покажува и големиот интерес за нивните семејни картички. Само во првите седум дена им нарачале 45.000 луѓе, рече Лахаерт.

Фото: Querkraft