Во Индија ќе гради еко комплекс за поздрава животна средина

22

bzA8JHhfDQMagic BreezeКреативниот тим на Penda неодамна ги објави своите планови за изградба на станбен комплекс во Хајдерабад, Индија. Градбата ќе биде наречена Magic Breeze и ќе изобилува со зеленило, како на станбениот дел, така и во заедничкиот двор. Секој апартман ќе има тераса со своја градина, каде станарите ќе можат да одгледуваат зеленчук и разни тревки.

Комплексот ќе зафаќа површина од 42.000 метри квадратни, а за негова изградба ќе се погрижи компанијата Pooja Crafted Homes. Ќе се состои од 127 вили што ќе бидат со површина од 240 до 370 метри квадратни, а секоја од нив ќе има своја тераса од 46 метри квадратни.

Изобилството на растенија ќе овозможи комплексот да биде енергетски ефикасен, односно да заштеди 60% од потрошувачката на енергија. Градините ќе ја обезбедат потребната вентилација и ладење на градбата, што особено ќе биде добредојдено кога температурите ќе се искачат до 40 степени.

Конструкцијата е планирана да започне оваа есен.

penda-magic-breeze-1020x610Penda-Magic-Breeze-Grass-1020x610Penda-Magic-Breeze-Plants-1020x610