Во јануари 69,8 отсто од потрошената струја од домашно производство

73

Во јануари годинава во земјава вкупно се потрошени 829.783 мегават часови електрична енергија, 37,419 милиони нормални кубни метри природен гас, 497.697 тони јаглен и 90.174 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 69,8 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 98,2 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.