Во јануари еврозоната забележа суфицит од 11,4 милијарди евра во стоковната размена

Во јануари еврозоната забележа суфицит од 11,4 милијарди евра во стоковната трговија со остатокот од светот, објави денеска Евростат на својата веб-страница.

Организацијата потсетува дека во јануари 2023 година еврозоната забележала дефицит во стоковната трговија од 32,6 милијарди евра.

Вредноста на извозот на стоки од еврозоната во остатокот од светот во јануари 2024 година изнесува 225,9 милијарди евра, што претставува зголемување од 1,3 отсто на годишно ниво.