
Според првите прелиминарни проценки, Еврозоната забележа суфицит од 12,4 милијарди евра во трговијата со стоки со остатокот од светот во јули, објави денес Евростат.
Вредноста на извозот на стоки од Еврозоната кон остатокот од светот во јули изнесуваше 251,5 милијарди евра, што претставува зголемување од 0,4 проценти на годишно ниво, додека увозот во исто време се зголеми за 3,1 процент на годишно ниво на 239,1 милијарди евра.
Резултатот е поповолен отколку во јуни, кога еврозоната забележа ревидиран суфицит од 8,05 милијарди евра во трговијата со стоки, но помалку поволен отколку во јули 2024 година, кога суфицитот изнесуваше 18,5 милијарди евра.
Фото: Pixabay











