
Според првата прелиминарна проценка, еврозоната во јули забележа трговски суфицит од 6,5 милијарди евра, објави Евростат.
Наведениот резултат значително се разликува од ситуацијата во јули 2022 година, кога еврозоната забележа трговски дефицит од 36,3 милијарди евра.
Во јули еврозоната извезла стоки во светот за 227,8 милијарди евра, што е за 2,7 отсто помалку од јули 2022 година, а увезе стоки за 221,3 милијарди евра – 18,2 отсто помалку од јули минатата година.
Вредноста на извозот на ЕУ во земјите кои не се членки на ЕУ во јули изнесува 205,2 милијарди евра, за 3,2 отсто помалку од истиот месец лани, а вредноста на увозот е 200,3 милијарди евра, за 21,5 отсто помалку од јули 2022 година.
Според тоа, ЕУ во јули забележа трговски суфицит од 4,9 милијарди евра.
Во јули вредноста на извозот е намалена на годишно ниво во 20 земји-членки на ЕУ, додека се зголеми во останатите седум.
Најголем пад на извозот на годишно ниво е забележан во Естонија – за 26,2 отсто, Литванија – 23,2 отсто, Финска – 20,5 отсто, додека најголем годишен пораст на извозот е забележан во Малта – за 27,0 отсто, а во Ирска – 8 ,5 проценти.
Во јули вредноста на увозот е намалена на годишно ниво во сите земји на ЕУ, освен Кипар, каде е забележан раст од 5,8 отсто и Ирска – раст од 2,3 отсто.
Најголемо намалување на увозот на годишно ниво е забележано во Малта – 39,6 отсто, потоа Финска – 24,6 отсто, Белгија – 22,6 отсто и Литванија – 20,5 отсто.