Во јули годинава издадени 179 одобренија за градба

38

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2013 се издадени 179 одобренија за градење со предвидената вредност на објектите од 1.452.757 илјади. Тоа е за 26.0% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Намалување е забележано и кај бројот на издадени одобренија во јули во однос на истиот месец лани за 26%, како и вредноста која е помала за 91,6%.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 143 (79.9%) се наменети за објекти од високоградба, девет (5.0%) за објекти од нискоградба и 27 (15.1%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 179 објекти, на 139 (77.7%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 40 објекти (22.3%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 324 станови, со вкупна корисна површина од 29.695 метри квадратни.

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во второто тримесечје од 2013 година бележат пораст од 1,2% во однос на второто тримесечје минатата година.

Во второто тримесечје од 2013 година, во споредба со првото од 2013 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,7%, трошоците за материјали се пониски за 1,1%, а трошоците за вработените се повисоки за 6,3%.

Во второто тримесечје од 2013 година, во споредба со второто тримесечје од 2012 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,2%, трошоците за материјали се пониски за 3,7%, а трошоците за вработените се повисоки за 18,8%.