Во јули зелено светло за Хрватска за воведување на евро

55

Иако пред два месеца најави можност за одложување на влезот на Хрватска во курсниот механизам ERM II, агенцијата Fitch сега сепак верува дека процесот на воведување на евро ќе се одвива по планираниот тек, и покрај пореметувањата предизвикани од коронакризата.

Хрватска во третото тримесечје, во текот на летните месеци формално ќе побара влез во банковната унија и ERM II.

Што се однесува до Хрватска, таа ја заврши својата домашна задача: Владата пред еден месец објави дека ги исполнила акционите планови од 19 реформски мерки, а деновиве Хрватска народна банка (ХНБ) објави и дека пет банки успешно го поминале контролниот тест. Судејќи според изјавите на хрватските лидери, а пренесува Јутарњи лист, Владата наскоро ќе ги извести европските институции за спроведувањето на сите мерки, а Европската централна банка (ЕЦБ) треба да ги извести земјите членки на еврозоната за резултатите од проценката на квалитетот на имотот на пет хрватски банки.

Нивниот позитивен одговор се очекува до средината на јули, по што постапката бара испраќање на официјално барање за пристапување во ЕRМ II и воспоставување на тесна соработка помеѓу ХНБ и ЕЦБ.

Фото: Pixabay