Во јуни издадени 10,1% повеќе одобренија за градење

41

Во јуни 2015 се издадени 186 одобренија за градење, што е за 10,1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.880.672 илјади денари, што е за 49,0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 116 (62,4%) се наменети за објекти од високоградба, 28 (15,0%) за објекти од нискоградба и 42 (22,6%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 186 објекти, во 134 (72,0%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а во 52 објекти (28,0%) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 209 станови, со вкупна корисна површина од 20.688 м2.