
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2024 година се издадени 185 одобренија за градење, што е за 23.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Во скопскиот регион се издадени вкупно 43 одобренија од кои 22 на физички лица, а 21 за деловни субјекти. Општина Аеродром има најмногу одобренија за градење осум, следуваат Илинден, Центар и Петровец со по шест одобренија за градење. Чучер Сандево има пет одобренија, Сопиште четири, Гази Баба три. Бутел има две одобренија, а Кисела Вода, Сарај и Шуто Оризари по едно одобрение за градба.
Без одобренија за градба за месец јуни се општините Арачиново, Ѓорче Петров, Карпош, Зеленикво, Студеничани и Чаир.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3. 301 354 илјади денари, што е за 35.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 108 (58.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 37 (20.0 %) за објекти од нискоградба и 40 (21.6 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 185 објекти, на 112 (60.5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 73 (39.5 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 400 станови со вкупна корисна површина од 35 505 м2.











