Во какви компании инвестираат жените, а во какви мажите

59

Најново истражување покажува дека мажите инвеститори имаат тенденција да купуваат акции што се хит на пазарот во даден момент, додека жените често го прават спротивното.

Авторите имале увид во податоците од Шангајската берза од 2016 до 2019 година и дојдоа до заклучок дека мажите ги купуваат акциите на победниците, а ги продаваат акциите на губитниците.

Спротивно на оваа стратегија е стратегијата во која инвеститорите купуваат акции на компании кои не се во најдобра позиција за време на купувањето и се надеваат дека среќата ќе им се промени наскоро. Истражувачите дошле до заклучок дека ваквите потези најчесто ги прават жени.

Главната идеја зад оваа студија е дека мажите имаат поголема самодоверба во нивната способност да тргуваат со акции отколку жените, така што тие тргуваат почесто и даваат повеќе пари, а со тоа губат и повеќе пари. Според експертите, мажите се многу поагресивни од жените и чувствуваат помалку страв и одговорност. И што е подобро? Нема одговор на ова прашање, но важно е да се посочат два податоци од истражувањето – мажите тргуваат за 45% повеќе од жените, но нивната годишна заработка е пониска за 1,4%.

Фото: Freepik