Во Калишта ќе се гради нова туристичко-развојна зона

106

mile-janakieskiМинистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при вчерашната посета во Струга најави дека една од вкупно 13-те туристичко-развојни зони во државата ќе биде изградена на брегот од Охридското Езеро во селото Калишта, пишува МИА.

“Се предвидува странски инвеститор да инвестира во изградба на хотели и промовирање на Струга како поволна туристичка дестинација. Во почетокот на наредната недела треба да почне јавната анкета. Ќе има 15-тина дена во кои граѓаните ќе можат да дадат забелешки и очекувам дека во текот на овој месец или најдоцна во ноември, планот ќе биде донесен”, истакна министерот Јанакиески.

Министерот додаде дека владин тим во текот на наредниот перод ќе бара странски инвеститори за сите 13 туристичко развојни зони колку што ќе се градат во државава.