Во општина Кичево денес беше издадена првата дозвола за градба на фабрика за производство на биогас, од страна на градоначалникот Фатмир Дехари.
Фабриката ќе се гради во индустриската зона Иванидол, а првичната бројка на вработени планирано е да биде 15 луѓе.
Инвеститорот кој ќе го гради овој објект од енергетскиот сектор во вредност од над еден милион евра, е жител на Кичево, кој е на привремена работа во Швајцарија.
Според градоначалникот Дехари ова е добар пример за сите оние кои сакаат да инвестират во Кичево.
“Оваа инвестиција е плод на нашето залагање и интензивно лобирање во претходниот период. Се надевам дека уште многу инвестици ќе има во иднина”, рече Дехари.