Во Кина 14.000 компании затворени поради рестрикции во содржината на видеоигрите

55

Одлуката на кинеската влада да ги заостри ограничувањата за видео игрите (на пример, која содржина на видео игри е дозволена) веќе резултираше со затворање на повеќе од 14.000 компании.

Дополнително, некои веќе започнати проекти се соочуваат со одложување на рокот за издавање дури и ако стигнат на странски пазар.
Покрај тоа, Кина најави строги ограничувања за малолетниците минатото лето поради страв од влијанието што видео игрите го имаат врз младите.

Претседателот Кси Џинпинг започна да разговара на темата зависност од видео игри во март 2021 година, но властите најавија дека ќе одобруваат меѓу 80 и 100 игри месечно. Ништо не се случило од август, а нема официјално објаснување.

Ова не само што влијаеше на индустријата за видео игри, туку и големите играчи како ByteDance (сопственици на TikTok), Baidu (кинески пребарувач) и Tanwan Games беа принудени да отпуштаат луѓе од работа. Дури и поголемите компании, како што се NetEase и Tencent, ги префрлија ресурсите на странските пазари.