Во Кина запленети фалсификувани вакцини

28

Кинеските власти привеле 80 лица под сомнение дека произведувале фалсификувана вакцина против коронавирусот.

Приведените наводно од септември полнеле шишенца со физиолошки раствор за да го продаваат како вакцина, објавија тамошните медиуми.

Запленети се 3.000 дози од вакцината, од неколку места во целата земја.

Властите во Кина поставија цел да вакцинираат 50 милиони луѓе до средината на февруари.

Фото: Freepik