Иако многумина би ја одбегнале посетата на стоматолог, грижата за забите треба да биде подеднакво важна како и грижата за целокупното здравје. Стоматолошките услуги имаат различен квалитет, но и различна цена од земја во земја.
Британците важат за нација со најскапи стоматолошки третмани, каде цената за стандардна посета на стоматолог изнесува 156 евра. Во оваа цена вклучени се сите потребни материјали, анестезија, време, снимки и слично.
Кон Велика Британија како три најскапи земји за овој тип на услуги, се приклучуваат Италија со 135 евра и Шпанија со 125 евра за комплетен стоматолошки преглед.
Германија е на четврто место со 67 евра за посета на стоматолог, а Франција веднаш зад неа со 46 евра.
Помеѓу земјите со најевтини стоматолошки услуги се најдоа Полска со 18 долари и Унгарија со само осум долари за комплетен преглед.
Во нашата земја еден контролен стоматолошки преглед чини од 200 до 500 денари. За секоја дополнителна процедура се наплаќа повеќе.
Фото: Pixabay