Во кои компании е привилегија да се работи во 2021 година

29

Најдобрата оценка која работодавачот може да ја добие е судот на вработените, односно нивната препорака до другите: убави зборови за компанијата, задоволство од плата, бенефиции, услови за работа.

Вработените од САД гласаа и посочија околу 100 најдобри компании за работа во таа земја, а меѓу нив своето место го најдоа и најуспешните.

Google, Delta Air Lines, Microsoft имаат оценка 4,5, додека Facebook, LinkedIn, Salesforce, Zoom Video Communications добија оценка 4,4. Mastercard и Apple имаат ист рејтинг, додека Pfizer е оценет со 4,3. Тоа се првите 10 компании, од најпознатите, во кои вработените би сакале да ја развиваат својата кариера.

Она што е интересно е што Google остана на врвот, иако помпезноста околу неговиот начин на деловно работење се зголемува деновиве. Имено, синдикатот на компанијата расте, работниците протестираат, додека работодавачот ги следи мејловите и бара “крт“.

Исто така, интересно е што Apple не беше ниту близу до врвот (ја зазеде 31-та позиција), беше престигнат од некои помали компании, но сепак е пожелно работно опкружување.

После овие 10 места се наоѓаат гиганти како што се Hilton, Nike, Walt Disney Company, PayPal, Procter & Gamble, American Express, Slack, Marriott International, T-Mobile.

Фото: Freepik