Во текот на минатата 2020 година извршени се градежни работи во странство во вредност од 162.755.000 денари, додека една година претходно за 42,7% повеќе во однос на 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од тие 162,7 милиони денари, најголем дел или 92,6 милиони денари се извршени градежни работи во Германија. По нејзе, градежната оператива на земјава била активна и во: Црна Гора (28 милиони денари), Босна и Херцеговина (19,2 милиони денари) и Бугарија (12,3 милиони денари).
Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство, во периодот јануари – декември лани, изнесува 211.913.000 денари, што е за 31,1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Фото: Pexels