Во кои земји најмногу се возат електрични возила

73

Бројот на електрични автомобили и понатаму рапидно расте низ светот, покажува најновото истражување спроведено во Германија.

Центарот за истражување на соларна енергија и водород (ZSW) во неделата објави дека на крајот на 2023 година имало околу 42 милиони автомобили со електрични мотори – околу 50 отсто повеќе од една година порано.

Оваа бројка вклучува само електрични возила, plug-in хибриди и електрични возила со продолжување на опсегот.

Според ZSW, имало 23,4 милиони од овие автомобили во Кина, што е повеќе од половина од глобалниот број. Второ место се Соединетите Американски Држави, иако заостанаа далеку со 4,8 милиони возила.

Германија е на трето место со 2,3 милиони, пред Франција и Обединетото Кралство со 1,6 и 1,5 милиони, соодветно.

BYD е најголемиот производител, Tesla втор
Најголеми производители на чисто електрични возила и plug-in хибриди во 2023 година беа кинескиот бренд BYD со нешто повеќе од 3 милиони нови регистрации, американската Tesla со 1,8 милиони и германскиот Volkswagen (VW) со еден милион.

БМВ беше на шестото место со нешто помалку од 570.000 возила, а Мерцедес на 10. место со нешто повеќе од 400.000 возила.