Кога станува збор за скапи здравствени услуги од типот на една ноќ помината во болница, Монако е на прво место со неверојатни 2.883 евра, што е повеќе од сместување во луксузен хотел.
На втората позиција се наоѓа Луксембург каде еднодневен престој во болница во просек чини 1.518 евра.
Трета е Норвешка со 1.124 евра, на четврто место е Катар со 1.095 евра, а петта е Швајцарија каде една ноќ во болница чини 739 евра, пишува Finder.
Листата топ десет ја комплетираа Сан Марино 707 евра, Данска 736 евра, Ирска 673 евра, Обединети Арапски Емирати 608 евра и Холандија 595 евра.
Оваа здравствена услуга е најевтина во Демократска Република Конго каде изнесува само 1,12 евра од ноќ.
Во нашата земја, во просек, за еднодневен престој во болница се наплаќа 41,2 евра.
Фото: Pixabay