Во која банка Бафет инвестира половина милијарда долари

57

Berkshire Hathaway, компанијата на познатиот инвеститор и еден од најбогатите луѓе во светот, Ворен Бафет, инвестираше половина милијарда долари во Nubank, бразилска дигитална банка.

Парите ќе бидат искористени за продолжување на меѓународната експанзија, како и за привлекување нови директори од големи технолошки компании, соопштија од  банката.

Nubank објави дека во моментов има повеќе од 40 милиони корисници во Бразил, Мексико и Колумбија.

Извршниот директор на Nubank, Дејвид Велез, рече дека инвестицијата ќе помогне во “демократизација на пристапот до финансиски услуги“ низ Латинска Америка, каде што само половина од населението има банкарски сметки, а околу 21% користат кредитни картички.

“Никој не сметаше дека е можно да се промени финансискиот систем, но отсекогаш сме биле убедени дека има простор за промени и иновации и што е уште поважно, дека клиентите заслужуваат подобра услуга“, рече Велез.

Иако легендарниот инвеститор Ворен Бафет постојано зборуваше против дигиталните средства, оваа инвестиција на Berkshire Hathaway покажува дека компанијата е поотворена кон идејата.

Фото: Freepik