Во која земја е најевтино, а во која е најскапо поседувањето автомобил

85

Една неодамнешна студија проверила која е најевтината земја за поседување автомобил, а резултатите покажаа дека најевтина е Австралија. Она што навистина изненадува се некои европски земји.

Треба да се напомене дека студијата не ја зела во предвид само просечната цена на автомобилите, туку и трошоците за осигурување, поправки и трошоци за гориво. Целта била да се откријат разликите во вкупните трошоци за сопственост, се наведува во истражувањето. Овие трошоци потоа се споредуваат со просечната годишна плата на секоја земја, за да се види колку се достапни автомобилите за еден просечен поединец.

Според резултатите, Австралија е совршено место за автомобилските вљубеници – потребни се само 49,48% од годишната плата за поседување и управување со автомобил. Веднаш зад Австралија се САД со 54,87% од годишниот приход потребен за поседување автомобил. Следуваат Данска (60,34%), Канада (64,40%) и Шведска (75,84%). Следни на листата се Германија (78,44%), Холандија (84,65%), Франција (87,00%), Велика Британија (89,36%) и Финска (91,58%).

Овде можете да видите колку се среќни Австралијците и Американците во споредба со остатокот од светот во однос на сопственоста на автомобили, пренесува Jutarnji list. Навистина е изненадувачки да се види дека речиси целиот годишен приход е потребен за поседување автомобили во некои развиени европски земји како Германија, Холандија, Франција и Обединетото Кралство. Сепак, она што следи е всушност вистинско изненадување.

Најскапата земја за поседување автомобил е Турција, каде за да поседувате ви се потребни 652,29% од вашиот годишен приход. Ова ја прави Турција 13 пати поскапа од Австралија, и изненадувачки е што Турција произведува повеќе од 100.000 патнички автомобили месечно, со локални фабрики на Fiat, Renault, Toyotа, Hondа … Од вкупно 82 жители милиони, само 21 милион поседуваат автомобил.

Веднаш зад Турција на другиот крај од спектарот е Аргентина (515,77%), следена од Колумбија (508,93%), Уругвај (443,68%) и Бразил (441,89%). Така, 4 од дури 5 најскапи земји за поседување автомобил се наоѓаат во Јужна Америка. Следуваат Украина (413,78%), Гватемала (355,94%), Русија (290,04%), Мексико (285,20%) и Костарика (269,93%).

Иако резултатите се навистина изненадувачки, треба да се напомене дека студијата опфаќа само 40 од 195 земји во светот поради слабата достапност на информации. Второ, резултатите се базираат на цените на целосно новите Volkswagen Golf и Toyota Corolla, додека половните автомобили воопшто не се земаат во предвид. Конечно, просечната плата може да биде значително повисока од минималната плата во земјата, што веројатно би можело да биде подобар показател за оваа студија.