Во Копенхаген започна експеримент, воведена е четиридневна работна недела

25

Во Копенхаген започна експеримент со воведување на четиридневна работна недела која ќе трае до крајот на годината, јавуваат локалните медиуми.

Во експериментот учествуваат вработени во 14 компании, а по пробниот период би можело трајно да се воведе четиридневната работна недела, јавува данскиот јавен сервис ДР.

Јонас Амитсбол, менаџер во една од компаниите, вели дека очекува променетото работно време да има позитивен ефект.

Вработените ќе добијат неколку последователни слободни денови, што значи и дека во слободно време ќе можат да ги наполнат батериите за да бидат свежи и подготвени за новата работна недела“, рече тој.

Тој додаде дека пократката работна недела значи подолги работни денови, што, вели, може да биде предизвик.

„Понапорните задачи ќе мора да ги правите на почетокот на работното време додека сте сè уште свежи, а помалку напорните задачи да ги оставите за крајот од работниот ден“, забележува Амитсбол.