Во Македонија 83.7 % од домаќинствата имаат пристап на интернет од дома

17

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2021 година, 83.7 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома. Учеството на домаќинствата според типот на населеното место со широкопојасен интернет во вкупниот број домаќинства e 87.1 % во 2021 година.

Во првото тримесечје од 2021 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 86.4 %, а 80.5 % го користеле секој ден или речиси секој ден.

46.3 % од лицата нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци.