Во продавницата за играчки и детска опрема Крш пристигна количката за бебиња Cybex дизајнирана од Џереми Скот.
Cybex од Џереми Скот брзо го освои вниманието на ѕвездите, на новинарите и модните блогери, а за неа пишуваше и францускиот Вог.
Капсулната колекција Cybex од Џереми Скот, составена од 300 примероци е лансирана во неколку европски метрополи и секаде е дочекана како вистинска ѕвезда – во Париз во познатата Galeries Lafayette, во белгиската луксузна продавница Jule and Juliette, во Варшава во најпопуларната модна продавница MYSIA, а Македонија е поставена во продавницата Крш во Сити Мол Скопје.