
Во својот последен извештај, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) објави дека во март, во споредба со февруари, Русија ги зголемила приходите од извоз на нафта и нафтени деривати за 9,3 милијарди долари, на вкупно 19 милијарди долари.
Според извештајот на ИЕА, цената на нафтата „Урал“ во Приморск се зголемила за 32,70 долари за барел во март, достигнувајќи 75,51 долари за барел, пренесува „Спутник“.
Приходите од извоз на сурова нафта во март 2026 година се зголемиле за 5,4 милијарди долари во споредба со февруари, додека приходите од извоз на нафтени производи се зголемиле за 3,9 милијарди долари.











