Цената на нафтата постепено ќе се намалува во наредните пет години поради слабиот економски раст, зголеменото искористување на алтернативните извори на енергија и зголеменото производство на нафта и нафтени деривати во Ирак и Северна Америка, истакнуваат челниците на Меѓународната агенција за енергија (IEA).
IEA ја претстави својата нова видoизменета прогноза за намалување на светската побарувачка на нафта во период од 2011 до 2016, а во која се наведува дека во наредниот период ќе дојде до намалување за околу 500.000 барели нафта дневно во однос на претходниот период.
Побарувачката за нафта драстично ќе се намали со што Организацијата на земји – извознички на нафта (OPEc) ќе биде под притисок да го намали производството на нафта за неверојатни 31 милион барели нафта дневно, многу помалку од моменталното производство.
Намалениот економски раст во еврозоната, како и постојаното намалување на побарувачката на нафта во Кина, според аналитичарите на IEA е доволно да прогнозираат постепено намалување на цените на нафтата и нафтените деривати во наредните неколку години.