Во недела стрелките на часовникот поместете ги еден час наназад

23

casovnik-pixabay

Во недела (29-ти октомври) во три часот наутро завршува летното и започнува зимското сметање на времето. Поради тоа, стрелките на часовникот се поместуваат за еден час наназад.

Зимското сметање на времето ќе трае сè до последниот викенд во март следната година.

Преминување на летно од зимско сметање на времето за прв пат е забележано во 1916 година во земјите од северна Европа, а главна цел била заштеда на електрична енергија.