Во Њујорк работат само терасите на рестораните

29

Жителите на Њујорк ќе мора да почекаат да ручаат или вечераат во внатрешниот дел на нивниот омилен ресторан, смета гувернерот Ендрју Куомо.

Според него, есенската сезона што претстои ќе донесе и нови предизвици, па апелира до сите Њујорчани да не заборават да ги почитуваат мерките што треба да спречат ширење на пандемијата од коронавирусот.

Од друга страна, многу угостители сметаат дека е време да се отворат внатрешните делови од рестораните, а околу 64% од рестораните во Њујорк коишто се отворени, планираат да стават клуч на врата до крајот на годината ако не добијат државна помош.

Со оглед на податоците коишто покажуваат дека неколку недели пренесувањето на коронавирусот е слаб во Њујорк, поради што и се покренува ова прашање за претстојната сезона.

Фото: Freepik