Познатата слаткарница Morgenstern’s finest ice cream во Њујорк, од оваа недела го нуди првиот црн сладолед во светот, пишува Lonely planet.
Сладоледот има богат вкус на кокос којшто, според сопственикот на слаткарницата Ник Моргенстерн, се добива благодарение на кокосовиот пепел.
Овој додаток се добива од мелени јагленосани кокосови лушпи. Освен оваа “црна состојка“, во сладоледот има и кокосово млеко, крем од кокос, како и брашно од ова тропско овошје.