Во Нови Сад отворена Куќа на зелен чај

21

Black iron asian teapot with sprigs of mint for tea

Неодамна во Нови Сад, Србија, е oтворена првата франшиза Куќа на зелен чај, компанија која веќе десет години успешно работи на хрватскиот пазар, пишува franchising.rs.

“За два месеци, колку што работиме, сфатив дека постои интерес кај луѓето за квалитетни чаеви. Точно е дека во нашата земја се пие многу кафе, но сè поголем е бројот на оние што бираат чај. Луѓето се информираат, знаат зошто се добри чаевите, се вртат кон здрав начин на живот. Интересно е што покрај мажи и жени од средна и постара возраст, наши потрошувачи се и младите, што особено ме радува”, вели франшизерот Здравко Поточко.

Куќата на зелен чај нуди избор на квалитетни чаеви од Јапонија, Кина, Африка, Индија, Јужна Америка и други делови од светот. Во Куќата не се продаваат филтер вреќички, туку рефус. Освен во Хрватска, ваква Куќа на зелен чај од минатата година има и во БиХ, во Тузла.