Google е компанија која посветува големо внимание на своите вработени и условите во кои тие работат.
За тоа говорат и новите канцеларии во Лондон, но овој пат освен пријатните услови за работа, Google им обезбеди на вработените простор каде ќе можат да одгледуваат сопствена храна во градината која е сместена на покривот.
Канцелариите кои се од отворен и затворен тип, се наоѓаат во зграда во Covent Garden и зафаќаа површина од 16.000 метри квадратни. Во просторот се вклучени и сала за вежбање, студио за танц, неколку ресторани, барови и место за релаксирање и дружење.
Сите простории се опремени со рециклиран мебел и притоа не се користени никакви токсични материи.
Листата на чекање за сопствена градина е веќе голема. Откако ќе ја добие, вработениот мора добро да се грижи за неа, во спротивно градината ќе му биде одземена и предадена на некој друг колега.