Во октомври издадени 147 одобренија за градење

34

Во октомври годинава издадени се 147 одобренија за градење, што е за 43% помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.552.689 илјади денари, што е за 18,7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 100 (68%) се наменети за објекти од високоградба, 25 (17%) за објекти од нискоградба и 22 (15%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 147 објекти, на 103 (70,1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 44 објекти (29,9%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 347 станови со вкупна корисна површина од 27.990 м2.