Во отсуство на работници Словенија ќе вработува пензионери

156

Владата на Словенија поради недостигот на работна сила одлучи да го надомести тоа преку поголемо активирање на пензионерите. Мерката се очекува да стапи во сила до крајот на годинава, јавува Anadolu Agency (AA).

Имено, Владата на Словенија усвои предлог-закон за интервентни мерки за поддршка на пазарот на труд, со што ќе се овозможи зголемен обем на повремена и привремена работа на пензионерите поради недостаток на работна сила поради бројни болести и карантини. Мерката се очекува да стапи во сила до крајот на годинава.

Пензионерите отсега ќе можат да извршуваат најмногу 90 часа привремена или повремена работа во календарски месец. Исто така, најмногу 120 часа во календарски месец, но не повеќе од три пати во календарската година.