Во овие 15 земји живеат најмногу милијардери

82

Вкупното богатство на милијардерите во целиот свет во 2019 изнесувало 7,6 трилиони долари, а дури 76% од сите милијардери во светот живеат во само 15 земји, стои во извештајот на Wealth-X. Овие милијардери поседуваат 80% од вкупното богатство во светот.

1. САД имаат 788 милијардери со вкупно богатство од 3,4 билиони долари.

2. Кина, 342 милијардери, а вкупно богатство од 1,1 билиони долари.

3. Германија, 153 милијадери со вкупно богатство од 477 милијарди долари.

4. Русија, 114 милијардери со вкупно богатство од 390 милијарди долари

5. Швајцарија, 100 милијардери со вкупно богатство од 274 милијарди долари.

6. Велика Британија, 100 милијардери со вкупно богатство од 217 милијарди долари.

7. Хонгконг, 96 милијардери и вкупно богатство од 280 милијарди долари.

8. Индија, 87 милијардери и вкупно богатство од 314 милијарди долари.

9. Саудиска Арабија, 62 милијардери со вкупно богатство од 152 милијарди долари.

10. Франција, 60 милијардери или вкупно богатство од 219 милијарди долари.

11. Италија, 53 милијардери со вкупно богатство од 157 милијарди долари.

12. Бразил, 50 милијардери и вкупно богатство од 162 милијарди долари.

13. Обединети Арапски Емирати, 47 милијардери со вкупно богатство од 163 милијарди долари.

14. Канада, 46 милијардери или вкупно богатство од 96 милијарди долари.

15. Сингапур, 45 милијардери со вкупно богатство од 87 милијарди долари.

Фото: Pixabay