Во пад се европските берзански индекси, како и цените на нафтата, златото и пченицата

29

Европските берзански индекси денеска се во пад, како и цените на нафтата, златото и пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот падна на 18.700,05 поени, британскиот FTSE 100 на 8.199,17 поени, францускиот CAC 40 на 7.654,72 поени, а московскиот MOEX на 2.966,06 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 40.000,90 поени пред денешното отворање на берзата во САД, додека индексот S&P 500 падна на 5.615,35 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.396,98 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 81.991 долар, а на нафтата од типот брент на 84.771 долар. Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 31.690 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.402,93 долари за унца, а на пченицата на 5,4177 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08854, што е приближно исто како и во понеделникот.