Во Париз ќе се гради кула прекриена со 2.000 растенија

24

pariz1Во париското предградие Вилерс сур Марне наскоро ќе започне изградба на кула прекриена со зеленило којашто ја дизајнираше италијанската компанија Stefano Boeri Architetti.

Од надворешната страна ќе бидат насадени 2.000 дрва, растенија и грмушки, а внатре ќе има луксузни станови, деловен простор и продавници. Кулата наречена Forêt Blanche (Бела шума) ќе биде висока 54 метри, ќе има многу прозори со поглед на градот, а поголемиот дел од фасадата ќе биде изграден од дрво, пишува Business Insider.
pariz2Становите со тераси ќе се наоѓаат на повисоките катови, а под нив ќе бидат канцеларии и продавници.
Целта на проектот е да се создаде архитектонска структура којашто ќе служи во борба против климатските промени и зголемување на биоразновидноста во урбаните средини.

Архитектонската компанија којашто стои зад овој проект е позната по својот дизајн чијшто заштитен знак е зеленилото. Боери е познат по проектот Вертикална шума во Милано, а летово го претстави својот план за сличен проект во источниот кинески град Нанџинг.

Фото: Stefano Boeri Architetti