Сопствениците на подземната железница во Пекинг од неодамна почнаа да им нудат на патниците можност наместо со пари, билетот да го платат со пластични шишиња. Со тоа ја чуваат околината, но и својот џеб.
За таа цел, на една линија се инсталирани четири машини што собираат шишиња, од каде се преземаат и се носат на рециклирање. Овој вид на наплата засега е во фаза на тестирање, но се очекува во скора иднина да се инсталира на секоја станица во подземната железница, но и на железничките станици и други јавни места во градот.