Во понеделник второ извлекување за Фискална во рака – Награда без мака

15

Во понеделник 27.01.2014 ќе се одржи второто извлекување од наградната игра Фискална во рака – Награда без мака, информира Државна Лотарија на Македонија.

Во второто извлекување ќе се извлекуваат добитници на бројни вредносни ваучери и еден автомобил, како и во третото, четвртото, петтото и шестото, а сите неизвлечени коверти од овие извлекувањата ќе учествуваат во седмото извлекување кое ќе се реализира на 30 јуни 2014 година, кога покрај вредносни ваучери и автомобил ќе се извлекуваат и еден стан и еден дуќан.
Во текот на наградната игра, која заради големиот интерес наместо девет ќе има вкупно 13 извлекувања (секој месец по едно), ќе може да се учествува со фискални сметки кои носат најран датум од 15.11.2013. Сите кои до сега не ги испратиле своите фискални сметки, истото може да го сторат и понатаму во текот на наградната игра.