Во потрага за подобар живот – дури 57% млади би ја напуштиле Хрватска

55

Дури 57% од младите размислуваат да ја напуштат Хрватска и да заминат во земјите од Европската унија поради студирање или вработување, покажа истражувањето на глобалната компанија Visa.

Повеќето испитаници како главни причини за заминување од Хрватска во некоја од членките на ЕУ наведуваат студирање, кариера, финансиски или личен развој. Девојките повеќе ги привлекува кариерата, додека младите момчиња имаат за цел добра заработка.

Хрватските граѓани повеќето земји на ЕУ ги перципираат како подобро организирани општества со помалку корупција и фокусираност на компетенција и талент. Како најпожелни дестинации за стекнување деловно искуство се издвојуваат Велика Британија, Германија, Австрија, скандинавските земји, но и една земја која не е членка на ЕУ – Швајцарија.

Кај европските компании, младите Хрвати најмногу ги привлакува иновативното и креативно работно опкружување, како и широкиот спектар на дополнително образование.

Истражувањето е спроведено на примерок од 500 испитаници на старост од 18 до 25 години, во пет хрватски градови – Загреб, Сплит, Риека, Осиек и Вараждин.