Во претпазливо тргување, Волстрит благо падна

На Волстрит вчера берзанските индекси благо паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, а тргувањето беше претпазливо бидејќи инвеститорите не сакаат премногу да ризикуваат поради неизвесноста за царините.

Индексот Dow Jones загуби 0,38 отсто, на 40.368 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,17 отсто, на 5.396 поени, а индексот Nasdaq се намали за 0,05 отсто, на 16.823 поени.

Индексите загубија дел од добивките од претходниот ден бидејќи на пазарот владее неизвесност поради неизвесноста околу царините и во крајна линија како досега воведените царини ќе се одразат на американската и светската економија.

Аналитичарите проценуваат дека инфлацијата ќе расте, а економскиот раст ќе се забави. Особено затоа што нема знаци за намалување на тарифната војна меѓу САД и Кина.