Во првите девет месеци во Србија повеќе странски инвестиции отколку во цела 2013 година

31

?????

Приливот на странски инвестиции во Србија во првите девет месеци оваа година изнесува 1,15 милијарди евра, што е повеќе од вредноста за цела 2013 година, кога приливот бил вкупно 750 милиони евра, објави Министерството за трговија, туризам и телекомуникации, јавува Танјуг.

Надлежните во Србија истакнуваат дека не е постигнато посакуваното ниво и дека земјата мора да го поправи бизнис амбиентот.

Во Србија годинава се реализирани многу значајни инвестиции во областа на инфраструктурата и стопанството.